Роден 1966 година во Кавадарци, Македонија, по занимање електротехничар.

Основно и средно образование завршува во Кавадарци, да подоцна животот го однесе во Швајцарија каде денес живее со фамилијата.

Првиот контакт со фотографија го праве со камерата на неговиот татко, солидна руска камера. Подоцна во „Народна техника – Кавадарци „, се запознава подлабоко со тајните на фотографијата. Во раната младост, фотографијата преминува во позадина како жртва на други интереси.

Слободното време покрај на фамилијата го посветува на возењето со моторцикал, фотографирањето и пред компјутерот…

Член е на »Јужнословенскиот културенфорум« во Цирих и на »Фото Сојузот на Македонија«.

Geboren 1966 in Kavadarci, Mazedonien, von Beruf Elektrotechniker

Besuchte die Primar- und Sekundarschule in seinem Heimatort und schliesst mit einer Berufsmatura ab. Seit 1990 in der Schweiz und auch seitdem eingestellt in der Firma Senn Brunnen.

Der erste Kontakt mit der Fotografie machte er mit der Kamera seines Vaters, eine solide russische Kamera. Später, in der Dunkelkammer der «Volks Technik», vertiefte er die Technik der Fotografie. In der frühen Jugend stiess die Fotografie in den Hintergrund…

Aber vor 15 Jahren wurde die Liebe zur Fotografie wieder geweckt und mit der Zusammenführung der Interessen Motorradfahren und Fotografieren findet er die ideale Kombination zur Flucht aus dem Alltag.

Über mich

Интересот за фотографијата, кој кај мене настана со љубопитноста кон техниката, се појави уште во детството. Шкрапањето со фотокамерата и надевањето дека ќе се добие убава фотографија, со годините помина во една убава занимација која ме релаксира и ми ги отвора очите да околината ја гледам повнимателно и поинтензивно барајќи го убавиот момент. Секогаш наново пробувам да си создадам мој, поубав, Свет.
На исто ниво на интерес со фотографијата се и моторите. Незнам дали би можел да се одлучам за само едно, но комбинацијата од двете се нешто што ме прави да се троши слободното време на нешто убаво.

Über mich

Tausende Kilometer auf dem Motorrad, hunderte Stunden in Berührung mit der Natur. Und immer wieder aufs Neue begeistert, wie mächtig, wuchtig und doch so zart und wundervoll die Landschaft ist. Meine Begeisterung für Natur und Umwelt versuche ich durch die Fotografie mitzuteilen …
So gross wie der Begeisterung für die Fotografie ist, so gross ist Vergnügen bei Motorrad Fahrten.

 
 

Досега имам учествувано на повеќе групни изложби:

од 2007 до 2011 на изложбите на »Јужнословенскиот културенфорум« во Цирих
2011 – Ужице, Србија
2011 – Крагуевац, Србија
2010 – Бачка Паланка, Србија
2010 – Нови Сад, Србија

А имам и неколку самостојни изложби одржано:

2017 – Буохс, Швајцарија
2016 – Кавадарци, Македонија
2015 – Ноихајм, Швајцарија
2014 – Берн, Швајцарија
2013 – Кавадарци, Македонија
2013 – Базел, Швајцарија
2012 – Цирих, Швајцарија
2012 – Штанс, Швајцарија
2011 – Цирих, Швајцарија
2011 – Берн, Швајцарија

Ausstellungen

Gruppenausstellungen:

von 2007 bis 2011 an die jährlichen Ausstellungen «Südslawisches Kulturforum» Zürich
2011 Uzice, Serbien
2011 Kragujevac, Serbien
2010 Backa Palanka, Serbien
2010 Novi Sad, Serbien

Einzelausstellungen:

2017 Bouchs, NW
2016 Kavadarci, Mazedonien
2015 Neuheim, ZG
2014 Urtenen-Schönbühl, BE
2013 Kavadarci, Mazedonien
2013 Basel
2012 Zürich
2012 Stans, NW
2011 Zürich
2010 Bern

Über mich

Член е на »Јужнословенскиот културенфорум« во Цирих и на »Фото Сојузот на Македонија«.

Слободното време покрај на фамилијата го посветува на возењето со моторцикал, фотографрањето и пред компјутерот…

Работи (во слободното време) на интернет страните:
www.ristovski.ch
www.foto-gogo.ch
www.kavadarci.info
www.makedonium.ch

Über mich

Mitglied bei »Südslawisches Kulturforum Zürich«  und »Mazedonische Fotoverband«

Nebst Zeit mit seiner Familie verbringt er seine Freizeit mit dem Töfffahren, Fotografieren und dem Sitzen vor dem Computer.

Bastelt (in der Freizeit) an den WEB Seiten:
www.ristovski.ch
www.foto-gogo.ch
www.kavadarci.info
www.makedonium.ch

 
 

Крајноста на убавината

Повеќе од триесет години Гордан Ристовски ја слика природата, најчесто како патник на моторцикл. Неговите средства за изразување се црно белата и фотографијата во боја, со што успешно докажува дека за правиот посветеник не е битен техничкиот туку творечкиот момент, како и дека е можно да се премине канонската поделба. Фотографот одбира места на кои природата се покажува како огромна, моќна и несовладлива, дури и застрашувачка. Моментот на запазување на тој призор е естетски, го запазува и чува само уметникот. Природата покажана на неговите фотографии може да побуди чуство на осаменост, кое фотографот го премостува со вметнување на елементарен свет во сцената. Човекот е одсутен, надвор од кадарот, природата се гледа во својата потполност, но присутни се неговите траги, најчесто клупи, канделабри, огради или сообраќајни знаци.
Има нешто драматично, можеби и застрашувачко на овие фотографии, некоја притаеност и претпазливост, бидејќи природата е сурова, човекот изгледа не и е важен. Затоа Ристовски фотографира симболични и стварни изрази на превласт со кои човекот се бори – планински мостови и тунели пробиени во стените, кули издигнати во висините, стази во клисурите, згради на бреговите, брзи реки и осамени куќи во стеновитите масиви. Фотографот како сликарот Каспар Давид Фридрих (Caspar David Friedrich) е во потрага по широк видик, романтичната и херојската природа, го избира местото на поглед од кое се отвора поглед на морето од магла кое прави острови од планинските врвови, оди таму каде човекот е ситен. Цивилизациската условеност и досадата на современиот човек превладува во таканареченото “океанско чуство“, познато во естетика и психологијата, кое подразбира краткотрајно втопување на свеста во огромната природна целина и се смета за првокласно духовно искуство. Во прашање се сцени кои бараат отвореност на умот, храброст и чисто срце, тогаш пред посматрачот се воздигнува нејзиното мистично величество -Природата.
Фотографот е некој кој ја препознава нејзината извонредност, избраник и патник кој има око и душевна присебност да ја забележи крајноста на убавината. Без многу помошни средства, ефекти и посредници, остава природата самата да се представи. Доволно е да тесната, со висока трава зарасната, планинска патека ја покаже во нејзината надмоќност, или едно дрво може да има и космичка смисла. Тоа е религија на кој и се посветија големите германски мислители, европските и американските писатели и сликари, во нејзина слава настаната, како и целокупната далекуисточна уметност. Природата – нескротлива, убава и содржателна, темел и последна тврдина, во хријстијанска смисла Божје дело. Фотографот ги истражува нејзините сенки, бои, линии и облици, ја разоткрива митската димензија, поинаку од филозофите и светите лица. Одкрива сцени кои ретко се покажуваат – алпски езера и врвови милувани со сончевите зраци кои се пробиваат преку маглата, осамени рибарски чамци изгубени во пространството, одсјајот на месечината на езерската површина, сцени со нагласена атмосфера. Исти чуства будат и црно белите фотографии од автомобилските гробишта.
На повисоко, идејно ниво, поединечните дела на Гордан Ристовски концептуално се обединети. Тој ја следи судбината на предметите, клупите, ги испитува изгледот, местото, вредноста, ја наоѓа по планинските висини и места каде се отвара бескраен поглед, на места каде најмалку се очекува, или во градовите каде со сообраќајните знаци и самата е симбол на модерната епоха. На апстрактност укажуваат и фотографиите посветени на змијоликите серпентини, трагите во снег, патоказите, структурите на уредно наредените дрва, прозорците на црквите или седиштата во амфитеатарот. Понекогаш фотографиите со клупи во природата делуваат нестварно, надреалистички, фотографот ја фотографира клупата пред дивите брзи планински реки, на работ од шумата, во ноќта обиколена со оган, а понекогаш и обична, покрај патот, покриена со снег, толку пати видена.
Дали фотографот со овој циклус сака да укаже на апсурдноста на човечкото мешање во природата, дали предметите може да ги гледаме како уметнички интервенции во природата? Можеби го отвора прашањето на современото цивилизациското насилство кое е се по актуелно, она за туристичката опсада на планиските врвови. Или само сака да го насочи посматрачот кон магичните места на кои може да се види сета безначајност на современиот отуѓен живот. Нели се неговите клупи предмети со посебна намена, одбрани во својот род, дали служат за размислување, сеќавања и медитација, нели е на места каде и јавата сонува?
Да го оставиме одговорот да го најдат гледачите на фотографиите, бидејќи ниту уметникот не го знае.

Дејан Џориќ

Vollkommene Schönheit

Seit mehr als dreissig Jahre reist Gordan Ristovski in der Natur, meistens als Fahrer auf seinem Motorrad und mit der Fotokamera dabei. Seine Ausdrucksweise sind Schwarz-Weiss und Farbfotos, welche erfolgreich demonstrieren, dass für Fotografie-Liebhaber nicht die Technik wichtig ist, sondern der kreative Moment. So ist auch möglich, die kanonische Trennung zu überwinden. Der Fotograf wählt Orte, welche die Natur gross, kolossal und unbesiegbar, sogar beängstigend zeichnen. Der Moment der Betrachtung einer solchen Szene als ästhetisch zu sehen und festzuhalten können nur Künstler. Die Natur, in seinen Fotografien dargestellt, kann ein Gefühl der Einsamkeit hervorrufen, welche der Kameramann mit Einfügen von Objekten in die Szene unterdrückt. Der Mensch ist aus dem Rahmen, die Natur ist in ihrer ganzen Fülle zu sehen, aber seine Objekte und Spuren sind vorhanden, in der Regel nur Bänke, Strassenlaternen, Blumenkästen und Verkehrszeichen.
Es ist etwas Dramatisches, vielleicht sogar Bedrohliches in diesen Fotos, Verborgenheit und Abstinenz, weil die Natur grausam ist, der Mensch ihr wahrscheinlich irrelevant ist. Darum fotografiert Ristovski symbolisch Ausdrücke wirklicher Macht, mit denen Mann kämpft – Berge, Brücken und Tunnels in Felsen gebaut, Wanderwege, Gebäude auf Felsen, reissende Flüsse und einsame Häuser und Türme in Felsmassiven. Der Fotograf sucht wie der Maler Caspar David Friedrich einen weiten Blick für eine romantische und heroische Natur, er wählt einen Punkt, welche Blick auf das Meer durch Wolken welche die Berggipfeln bedecken, und geht dorthin, wo der Mensch winzig ist. Zivilisatorische Interaktionen und Langeweile, weit verbreitet unter modernen Menschen, rufen ein sogenanntes „Ozeanisches Gefühl“ hervor, in der Ästhetik und Psychologie bekannt, mit welchem man seelisch kurzfristig in das riesige natürliche Ganze eintaucht und dies gilt als eine hervorragende spirituelle Erfahrung. Das sind Szenen, die Offenheit, Mut und reines Herz benötigen, bevor sich die geheimnisvolle Überlegenheit der Natur vor Publikum erhebt. Dieser Fotograf ist jemand, der die Aussergewöhnlichkeit der Natur erkennt. Er ist der Gewählte und der Reisende, der Auge und geistige Nüchternheit hat, die Vollkommene Schönheit zu erkennt. Ohne andere Sachen, Effekte und Hilfsmittel, lässt der Fotograf die Natur sich selbst präsentieren. Genug schmal im Hochgewachsenen Gras, demonstriert der Weg seine Überlegenheit und ein Baum kann eine kosmische Bedeutung haben. Es ist eine Religion, die den grössten deutschen Denker, europäische und amerikanische Schriftsteller und Künstler gewidmet wurde, ihnen zu Ehren ist die ganze Fernöstliche Kunst geschafft wurden. Natur – ungezähmt, schön und sinnvoll, Festung und der letzte Ausweg, im christlichen Sinne das Werk Gottes. Der Fotograf erkundet ihre Schatten, Farben, Linien und Formen, untersuchen die mythischen Abmessungen, anders als Denker und Priester. Sie finden Szenen, die nur selten zu finden sind, Bergseen und Gipfeln, die diffusem Licht ausgesetzt sind, weich schattierte Sonnenstrahlen brechen durch den Nebel, betont einsame Menschen in Booten, in der Weite verloren, Mondreflexion auf dem Wasser, Szenen hervorgehoben Atmosphäre. Ein ähnliches Gefühl rufen auch die schwarz-weiss Aufnahmen von Automobil-Friedhöfen.
Auf einer höheren, konventionelleren Ebene sind bestimmte Werke Gordan Ristovskis konzeptionell vereinheitlicht. Er folgt dem Schicksal der Dinge, z.B. die Bänke, prüft das Aussehen, Ort und Materialität. Er findet Aussichtspunkte auf Berghöhen, wo man sie am wenigsten erwartet würde. Oder in Städten, wo Verkehrszeichen Symbole der Abstraktheit des modernen Zeitalters sind. Fotografien zeigen diese Abstraktion in schlangenartigen Linien der Serpentinen, Spuren im Schnee, Verkehrsschilder, die Struktur von Holz, welche fein säuberlich für den Winter gerüstet ist, Fenstern der Kirche und Sitzreihen im Amphitheater. Manchmal sind die Aufnahmen der Bänke in der Natur unwirklich, surrealistisch, fotografiert neben wilden Bergflusses, in der Nähe des Waldes, in der Nacht mit Feuer umgeben und manchmal ist es einfach nur eine Bank entlang der Hauptstrasse und sie ist mit Schnee bedeckt, wie man es oft schon gesehen hat.
Will der Fotograf mit diesem Zyklus die Absurdität der menschlichen Eingriffe in die natürliche Umgebung zeigen, sind die Gegenstände Interventionen ähnlich wie Kunstinstallationen? Vielleicht eröffnet es die Frage der Vergewaltigung der modernen Zivilisation, welche immer aktueller ist, derjenigen touristische besetzen den Bergen, oder einfach nur versuchen die Beobachter zu den magischen Orten der Besinnung hinzuweisen, Orte an welchen die entfremdete Bedeutungslosigkeit des modernen Lebens zu sehen sind.
Sind seine Bänke nicht Elemente mit besonderem Zweck, ausgewählt in ihrer Art, Objekte nachzudenken, Erinnerungen und Meditation, sind sie nicht an den Orten an welchen die Realität träumt?
Die Antworten sollen die Betrachter der Fotos finden, weil vielleicht sogar der Künstler selbst sie nicht kennt.

Dejan Djоric